Макрон и папата личности на годината
За една третина Французи, францускиот претседател Емануел Макрон и папата Франциск се “личности во 2017 година”, според објавените резултати од истражувањето.
Според анкетата што ја спроведе Институтот „ИФОП“ за францускиот весник Пари мач, меѓу осумте номинирани и кандидати за оваа година, 33 проценти од француските испитаници се одлучиле за шефот на француската држава и за врховниот поглавар на Римокатоличката црква.
Далеку зад нив е германската канцеларка Ангела Меркел, за која гласале 11 отсто од испитаниците, додека третото место го делат американскиот претседател Доналд Трамп и британскиот премиер Тереза Мај, за кои гласале шест отсто од испитаниците.