Макрон: Британија го доби најдобриот можен договор за излез од ЕУ


Велика Британија со Брисел го постигна „најдобриот можен“ договор за нејзиното истапување од Европската Унија, изјави денеска францускиот претседател Емануел Макрон во телефонски разговор со британската премиерка Тереза Меј.

 Како што соопшти Елисејската палата, Макрон во разговорот и порачал на Меј дека тој целосно го поддржува договорот за Брегзит, што Велика Британија и ЕУ го постигнаа на 25 ноември минатата година.

Договорот за Брегзит, го поддржаа и сите останати членки на ЕУ, како и Владата на Меј, па останува за него да се произнесе уште британскиот Парламент, но засега е неизвесно дали тој ќе ја добие поддршката на мнозинството пратеници.

Меј пред божиќните празници се обиде да издесјтвува нови отстапки од Брисел со цел да придобие што поглем број пратеници за поддршка на договорот, но таквите нејзини обиди беа одбиени лидерите на ЕУ, кои прифатија само „прецизирање“ на некои одредби од договорениот текст.

Доколку Парламентот не го поддржи договориот текст, најверојатно Велика Британија на 29 март ќе ја напушти Унијата без регулирани идни меѓусебни односи, односно ќе дојде до „Брегзит без договор“.