Македонски компании имаат можност да учествуваат во изградба на инфраструктурни проекти во Индонезија


Разгледување на можностите за натамошно унапредување на економската соработка меѓу Република Македонија и Индонезија беа тема на денешната средба на делегација на Парламентот на Индонезија предводена од Абдул Малик Харамеин, заменик претседател на Групата за религиозни работи, општествени работи и еманципација на жените се сретна со Бранко Азески претседател на Стопанската комора на Македонија.

Харамеин оценува дека постои можност за учество на македонски компании во изградба на инфраструктурни проекти во Индонезија.

– Индонезија во моментот работи и вложува многу во развој на својата инфраструктура и веќе има распределено средства во износ од 303 трилиони рупии (една милијарда долари). Би било добро доколку други инвеститори дојдат во земјата и инвестираат, како и доколку бизнисмени од Македонија дојдат во нашата држава, рече Харамеин.

Според Азески, Индонезија е респектабилен светски играч во економијата со пазар од 250 милиони жители и со одлични перформанси во овој момент во услови на светска економска криза, која е дел и од Групата Г-20 најразвиени земји. Со Индонезија и Стопанската комора на Индонезија вели, негуваат добри односи веќе долги години и секоја година имаме по некоја средба и активности, но далечината го прави своето да не може да се направи некоја поголема трговска размена, а последните напори што ги имале наши фирми да учествуваат на нивниот саем Треид Експо Индонезија што се одржува во октомври, ги дава првите резултати.

– Се надеваме дека преку овие средби ќе го зголемиме нивото на соработка. Тоа е исклучително важен пазар за нас и силна суровинска база и за дел од нашата индустрија и затоа се потребни почести вакви контакти и соработка на планот на размена на компаниите, учество на саемите…Индонезија е важна земја во економијата која спаѓа во Групата на 20 најразвиени земји и која може да помогне на Република Македонија на планот на инвестициите и наш извоз во оваа далечна земја, вели Азески.

Како проблеми на кои ќе работат да бидат разрешени ги спомна визите и склучувањето на договори за избегнување на двојно оданочување и за олеснување на протокот на стоки и услуги.

Делегацијата на Парламентот на Индонезија, која е придружена од и амбасадорката на Индонезија за РМ со седиште во Софија, Сри Астари Расјад, вчера оствари посета на Собранието на РМ