Македонски државјанин уапсен за „масирање“ во Косово


Косовската полиција уапси вкупно 11 лица во три случаи на приституирање и затвори 22 локали во Приштина и во Косово Поле во рамки на кцијата спроведена за спречување на трговијата со луѓе. Во полицискиот извештај се наведува дека во текот на февруари и во март бил организиран оперативен план за преглед на салони за масажа во двете наведени општини.

Во акцијата „Масажа 2019“ биле прегледани вкупно 48 салони за масажа, идентификувани се 211 работници (180 жени, меѓу кои и пет помлади од 18 години и 31 маж).

„Уапсени се 11 Албанци, шест Тајланѓани, по еден Италијанец и Македонец“, се наведува во соопштението на полицијата и најавува оти акциите ќе продолжат.