Македонската економија во третиот квартал порасна за 0,2%


Македонската економија за влакно не падна во рецесија. Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека македонската економија во третиот квартал годинава пораснала за минимални 0,2 отсто. По дефиниција една економија влегува во рецесија кога има пад на БДП во два последователни квартали.

Во првиот квартал годинава македонската економија стагнираше односно економскиот раст беше нула. Вториот квартал кога се формираше новата влада и буквално целата економска активност беше стопирана статистиката измери пад на економијата од 1,8 отсто, додека третиот квартал растот е само 0,2 отсто.

Гледано по сектори, во третиот квартал пораст има кај трговијата за 9,8 отсто, кај земјоделството за 3,8 отсто и кај недвижностите за 0,9 отсто. Намалување има кај рударството каде е за бележан пад на производството од 4,1 отсто, преработувачката индустрија за 5,8 отсто и кај гардежништвото кое што беше двигател на растот сега бележи пад од 11,6 отсто.

Министерството за финансии проектираше дека македонската економија до крајот на годината ќе има раст од 2,2%, додека пак проекциите на народната банка се дека арстот нема да биде поголем од 0,5% до крајот на годината.

Македонската економија беше во рецесија во 2009 и во 2012 година, а потоа имаше позитивни стапки на раст