Македонија ја совлада Турција во квалификациите за ЕП 2020


Македонската ракометна репрезентација оствари победа со 31:27 (17:13) во рамки на квалификациите за Европското првенство во 2020 година што ќе се одржи во Австрија, Норвешка и Шведска.

Во преполната сала „Боро Чурлевски“ во Битола, избраниците на Раул Гонзалес немаа поголеми проблеми, водеа и со 8 гола разлика во второто полувреме, но имаа и падови во играта, нешто на кое ќе треба да се работи во следните неколку дена.

 Капитенот Кире Лазаров беше прв стрелец за „црвено-жолтите“ со девет гола, шест постигна Манасков. Кај Турција најпрецизен беше Бичер со 6 голови сите од контра.
Македонија веќе во недела го играат вториот натпревар во квалификациите против Грција во Кожани со почеток од 19:30 часот.