Македонија победнички на Мундијалот


Македонската ракометна репрезентација со убедлива победа ги почна настапите на Светското првенство во Германија. Во меч од првото коло во групата Б, совладана е Јапонија со 38-29 (18-13). Најефикасен во нашиот тим беше капитенот Кире Лазаров со осум гола, а по седум дадоа Дејан Манасков и Стојанче Стоилов, кој беше прогласен и за играч на натпреварот.

Во недела од 14 часот играме во Бахреин. Во нашата група се и Хрватска, Шпанија и Исланд.