Македонија домаќин на состанок на министри за здравство на ЈИЕ


Македонија денеска е домаќин на состанокот на министри за здравство на Југоисточна Европа. Покрај министри, ќе учествуваат и заменици министри за здравство и државни секретари во ресорните министерства од Бугарија, Романија, Црна Гора, Хрватска, Босна и Херцеговина, Молдавија, Косово, Албанија и Србија.

Состанокот ќе го отворат министерот за здравство Венко Филипче и извршниот директор на Глобалниот Фонд за борба против ХИВ, маларија и туберкулоза Питер Сендс.

Како што информираат од владината прес-служба премиерот Зоран Заев, вечер во Македонската филхармонија ќе го отвори 39-тиот состанок на Одборот на Глобалниот фонд за борба против ХИВ, туберкулоза и маларија.