Македонец им го претвори животот во пекол на 70 српски работници


Медиумите во Србија пишуваат за еден Македонец кој на група од 70 српски работници животот им го претворил во пекол.
Им ги зел парите, а по 40 часа неизвесност измамените работници се вратиле во Србија од Чешка.
Македонецот Владимир Георгиевски, кој лажно се претставил како Александар Симиќ, поставил оглас на интернет страницата „Работа Чешка“ пишувало дека работниците легално ќе работат во авто-индустрија во Чешка со виза на две години.
„Платата беше во просек 850 евра, сместување обезбедени и тоа ново сместување за 70 до 90 луѓе колку што доаѓаат, како што рече тој. Не пријави нас 70 души и никој не праша што точно ќе работиме, мислевме дека сето тоа е вистина како што објави. Мислевме дека фабриката во која ќе работиме е „Континентал“,  онаа познатата на интернет, видовме со што се занимаваат луѓето таму, истраживме“, вели измамената работничка Душка Ковачиќ.
Работниците дошле во Белград на автобус со кој би заминале во Чешка и го запознале наводниот Александар Симиќ, каде сите потпишале согласност за работа и дека плаќаат по 50 евра, по што заминале на пат, безгрижно.
„Ние сфативме дека сме измамени кога на царината слушнавме дека тој не е повеќе во автобусот. Ние стигнавме во Чешка и чекавме да ни се јави, но неговиот број беше блокиран“, вели таа.
Стеван Ѓокиќ, советник за истрага и безбедност вели дека во фабриката „Континентал“ има многу наши луѓе кои работат и дека заради тоа оваа измама и
е смислена, за луѓето да не се сомневаат.
„Требаше да знаат, работната виза се добива пред заминување, Националната служба за вработување на својот сајт има список на агенции кои се занимаваат со вработување во странство, исто така во оваа ситуација многу веројатно е дека постои некоја врска меѓу оние кои вршат измама и возачот на автобусот, затоа што тука има многу нелогичности“, цели Ѓокиќ.