Маж ја запали облеката на сопругата, изби пожар во зградата


Синоќа околу полноќ изби пожар во зграда во Нови Сад, Србија, а станарите биле евакуирани, пренесе Прва ТВ.
Пожарот избил во еден од приземните станови во зградата, а според зборовите на сведоците, двајца полицајци спасиле дете од еден од становите полни со чад, а станот во кој почнал пожарот, потполно изгорел.
Итна помош на лице место им укажувале помош на лице место.
Како што потврдиле за Прва ТВ, пожарот го предизвикал маж кој во бес ја запалил гардеробата на својата сопруга во шкафот.
Тој е приведен и осомничен за предизвикување општа опасност.