Маж предизивка инцидент пред Бундестагот по реизборот на Меркел
Маж денеска предизвика безбедносен инцидент пред зградата на германскиот Парламент, кога се обиде да и пријде на канцеларката Ангела Меркел.
Како што соопшти полицијата, инцидентот се случил кога мажот тргнал кон Меркел, која по нејзиниот реизбор на функцијата германски канцелар во Бундестагот, се упатила кон кабинетот на претседателот на Германија, Франк-Валтер Штајнмајер.
Припадниците на безбедносите служби успеале веднаш да го совладаат мажот, кој според германските медиуми, „извикувал нешто на странски јазик“.
Идентитетот на мажот и неговите мотиви за ваквиот потег засега не се познати