Маж починал откако со камион излетал од патот Плачковица – Штип


Шеесет и петгодишен жител од село Таринци вчера загинал откако со товарно возило излетал од патот Плачковица – Штип и удрил во дрво.

Како што е наведено во полицискиот билтен, вчера околу 14:10 часот на регионалниот пат Плачковица – Штип пред крстосницата за село Козјак, Д.В.(65) од село Таринци – општина Карабинци, управувајќи товарно моторно возило „Застава 621“ со штипски регистарски ознаки изгубил контрола над возилото, по што излетал од патот и удрил во дрво.

Екипа на Итна медицинска помош констатирала дека Д.В. починал на местото на настанот.

Увид е извршен од екипа на СВР Штип и јавен обвинител.