Мадона ќе настапи на Евровизија во Израел?


Израелските медиуми јавуваат дека поп-кралицата Мадона ќе настапи во мај на Евроовија во Тел Авив.

Според нивните информации, преговорите не се завршени, но се поизвесно е дека најпознатата поп-пејачка на сите времиња ќе се појави и ќе настапи надвор од натпреварувачкиот дел.

По победата на израелската пејачка Нета Барзилај, веднаш почнаа противења за одржување на овој музички фестивал во Израел, поради безбедносната ситуација.

Како второ сценарио беше предвидена Австрија да ја преземе оваа улога, но сепак тоа отпадна.