ЛШ: Интер со пресврт до победа над Тотенхем, Барселона убедлива против ПСВ


Навивачите на Интер чекаа седум години да се вратат во Лигата на шампионите, а вечерва присуствуваа на вистинско шоу на „Џузепе Меаца“.

„Нероазурите“ победија со 2:1 против Тотенхем по драма и голови на Мауро Икарди (86) и Матијас Весино (93).

Пред тоа, Кристијан Ериксен донесе предност за тимот од Премиер лигата, кој играше доста подобро во поголемиот дел од дуелот и малкумина мислеа дека на крајот ќе си замине со празни раце.

Барселона го победи ПСВ со 4:0 во вториот дуел од групата „Б“, одигран на стадионот „Камп Ноу“.

Фудбалерите на тренерот Ернесто Валверде стигнаа лесно до победата, откако Лионел Меси запиша „хет-трик“, а еден погодок постигна Усман Дембеле

На тој начин, Барса ја предводи групата со три бода поради подобра гол разлика од тимот на Лучано Спалети.