Лотито: Одбив 160 милиони за Милинковиќ-Савиќ


По одличната сезона 2017/18, Сергеј Милинковиќ-Савиќ минатата година беше баран од неколку големи клубови, но првиот човек на неговиот Лацио, Клаудио Лотито не сакаше да го пушти од „Олимпико“.

По неколку седмици и месеци на шпекулации, Сергеј не остави доабр впечаток на Мундијалот во Русија, а потоа почна лошо во сезоната, во која е еден од играчите кои потфрлија најмногу, имајќи ги предвид првичните очекувања.

Денес, половина година по трансфер прозорецот, во кој тој можеше да заработи одлично на Милинковиќ-Савиќ, Лотито не се откажува од приказната за огромните понуди што стигнале до клупската адреса.

Денеска, при посета на римско училиште, првиот човек на „лацијалите“ зборуваше за плановите и минатогодишен интерес на европските гиганти за Србинот.

– Сакаме да изградиме победнички тим и дополнително да го засилиме, а не да го ослабнеме. Ако имав поинаков начин на размислување, јас ќе го продадев Милинковиќ-Савиќ за 160 милиони евра, но јас не го сторив тоа. Не мислам дека некој друг газда восветскиот фудбал би го направил, она што го направив јас, рече Лотито во римско училиште.

Откако одлучи да остане на „Олимпико“, Сергеј потпиша нов договор.