Лондон конфузен и хаотичен во преговорите со ЕУ


ЛОНДОН – Европски официјални претставници оценуваат дека Британија се однесува конфузно и хаотично во преговорите со ЕУ околу Брегзит, се наведува во документ што протече од ирската влада.

Ирската телевизија РТЕ денеска објави детали од овој доверлив документ од ирското Министерство за надворешни работи врз основа на извештаи од ирските дипломати во Европската унија.