Лондонската берза ќе отпушти 250 работници поради Брегзит
Лондонската берза најави дека ќе отпушти 250 работници оваа година, во согласност со подготовките за излегување на Велика Британија од Европската унија.
Одлуката за отпуштања, чија цел е остварување на годишна заштеда од 30 милиони фунти, ја соопшти новиот директор на берзата Дејвид Швимер, кој ја презеде функцијата во август минатата година.
-Ние сме многу добро подготвени за сите сценарија на Брегзит. Очекуваме дека можностите за раст на меѓународно ниво ќе ги неутрализираат можните неповолни трендови на пазарот во 2019 година, изјави Швимер.
Лондонската берза, како што е соопштено, сепак, нема да може да ја оствари целната профитна маржа за оваа година од околу 55 проценти, со оглед на планираното капитално трошење.
-Отпуштањата ќе ги зафатат сите делови на бизнисот, а ќе се фокусираме на намалување на двојните работни места, рече Швимер.