Лозано со нова песна „Камо тебе да те имам“


На својот официјален Youtube канал поп-пејачот Влатко Лозаноски – Лозано, по подолг период објави една нова заводлива балада насловена како „Камо тебе да те имам“.

Песната е со брз ритам и во неговиот претпознатлив стил, а дело е на веќе докажаниот тим составен од Лазар Цветкоски – музика и аранжман и Магдалена Цветкоска – Ена која е задолжена за текстот. Она што е изненадување е дека за композицијата е направен текстуален видео запис по теркот на светските ѕвезди, кој освен што е забавен ќе ви овозможи песната полесно да „ви влезе во глава“. Со приказите од анимираните цртани филмови и најголемите видео игри од 90-тите години, по малку не враќа на едно поубаво и носталгично време.