Лоба снимаше спот на Санторини


„Воздишка“ е новиот видеозапис на Викторија Лоба кој се промовираше премиерно на нејзиниот јутјуб-канал, снимен на познатата вулканска плажа „Бела плажа“ на островот Санторини, Грција. Автор и музички продуцент на песната е Маргарита Сотировска, а Лоба се појавува како текстописец.
„За да се сними спотот, цела екипа специјално чекавме да биде ветровито и облачно времето со цел да го доловиме контрастот на невремето со емоцијата која ја пренесувам преку ‘Воздишка’“, вели Викторија Лоба.
Видеото е продуцирано и режирано од Дарко Митев – Аргона, стајлингот е на креаторот Папаз.
„Воздишка“ е напишана во еден здив, која е дел од новиот албум „Нов свет“. Во албумот изборот на песните креирани од Лоба и соработниците се квалитетни музички парчиња кои ќе се слушаат.
„Една од моите цели како артист и индивидуа која постојано вложува на професионален и духовен план е да инспирирам и да бидам инспирирана. Сакам да ја пренесам длабочината на моите чувства директно со публиката. После долг период, имам желба да сум отворена и искрена во тоа што го работам, да ги потсетам луѓето на тие едноставни и мали нешта кои се всушност толку големи, важни и значајни во нашиот живот како што е љубовта и искрената комуникација меѓу нас“, додава Лоба.