Лични предмети на Мајкл Џексон на аукција


САД- Кралот на поп-музиката Мајкл Џексон влезе во историјата со неговиот месечев од во спотот за хитот „Били Џин“, но сега фановите можеби ќе можат да однесат дома дел од таа историја.

Аукциската куќа “ГВС“ соопшти дека повеќе лични предмети на Џексон ќе бидат ставени на аукција, вклучувајќи ги и специјалните чевли што ги носеше во легендарниот спот за „Били Џин“ во 1983 година.

На аукција ќе бидат понудени и неговиот црвен кардиган од Диор и кацига со Сваровски кристали.

Аукцијата ќе се одржи на 26 мај, неколку месеци пред 60-от роденден на Џексон.

Ова не е прв пат предмети од имотот на поп-ѕвездата да бидат понудени на продажба. Во 2011 година, мебелот од неговиот дом во Калифорнија на аукција на „Џулиен“ беше продаден за милион долари.