Лицето од Македонија убиен близу Кабул е од Скопје и имал 37 години


Ден по киднапирањето и убиството на македонскиот државјанин близу Кабул се дознава дека се работи за жител на Скопје, кој бил роден 1981 година.
Претседателот на “Содексо,” Денис Машуел преку соопштениe поставено на официјалниот сајт на компанијата изрази жалење за немилиот настан.
– Ние сме длабоко натажени и шокирани по дознавањето за трагичната загуба на тројца наши членови од тимот во Кабул, Афганистан. Во име на компанијата, сакам да кажам дека нашите срца се со нивните семејства, пријатели и колеги. “Содексо” тесно соработува со властите во Кабул и ќе споделиме дополнителни информации во моментот кога ќе бидат достапни”, се вели во соопштението од компанијата.
Во компнијата “Содексо” работел македонскиот државјанин и неговите двајца убиени  колеги државјани на Индија и Малезија.
, кои исто така беа убиени. Инцидентот се случил во четвртокот, откако групата го напуштила работното место и биле киднапирани додека се возеле со автомобил на компанијата. Мртвите тела биле пронајдени неколку часа по нивното киднапирање, а покрај нив биле оставени и нивните лични карти.
Останатите двајца убиени се државјани на Индија и Малезија