Лихштајнер размислува за откажување од фудбалот


Дефанзивецот на Арсенал, Стефан Лихштајнер планира да ја заврши својата фудбалска кариера кон крајот на годината.
Швајцарецот премина во англискиот клуб во текот на летото како слободен агент од Јувентус, но досега одиграл само 55 минути во четири официјални средби.
Триесет и четири годишниот дефанзивец не е навикнат да биде втор избор и токму поради оваа причина веќе размислува сериозно за откажување од фудбалот.
– Ако разберам дека не сум на вистинско ниво, не би се откажал само од репрезентацијата, туку ќе ја завршам фудбалската кариера. Во текот на летото ме бараа пет клубови, кои ми гарантираа место во првиот тим. Но, сакав да одам во голем клуб. Барав голем предизвик и знаев дека во Арсенал требаше да се борам со Ектор Белерин. Сепак, невообичаено е да бидам замена. Во првите три натпревари бев на клупата. Ова е нешто што никогаш не ми се случило, изјави швајцарскиот дефанзивец.