Лифтовите во МРТ уште не работат, вработените пеш се качуваат до 22 кат


Од средината на јануари лифтовите во зградата на Македонската радио-телевизија не работат, кога беше поплавено приземјето, а според вработени во институциите сместени во зградата, некои од нив мора да се качуваат до 22 кат секој ден.
Во маил што еден од вработените во зградата на МРТ го испрати до „Независен весник“ се вели дека  лифтовите по поплавата се уште не се пуштени во употреба.
„Вработените од различни институции веќе пет недели се качуваат дури до 22 кат“, се вели во мејлот и укажува дека дел од вработените имаат тешкотии во искачувањето.
Во зградата на Македонската радио-телевизија каде што се сместени и други органи и министерства. Вработените, но и граѓаните кои имаат потреба од услугите на институциите што се сместени во зградата на МРТ мораат да пешачат по повеќе ката за да завршат работа.
За да стигнете до Комисијата за заштита на правото за слободен пристап на информации од јавен карактер, на пример, мора пеш да искачите 14 ката бидејќи нема друг начин да се стигне дотаму.
Пред лифтовите се поставени метални пречки и ленти, кои сигнализираат дека лифтовите не работат.
„Лифтовите се исклучени за да се поправат по настанатата штета минатата недела во поплавата. Поправката ќе заврши во текот на наредната недела”, рекоа од Службата за општи и заеднички работи, една седмица по поплавата, а од тогаш помина еден месец, но состојбата е иста, сведочат вработени.