Лика прашува: Kоја е судбината на Рамковниот договор?


За иницијативата на ДУИ за Секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор и притворање да стане Министерство за политички систем и односи со заедниците, вицепремиерот Хазби Лика не е известен и консултиран. Тој во објава на Фејсбук тврди дека 20 години по конфликтот и донесувањето на Рамковниот договор тој сѐ уште не е спроведен, а требаше да се спроведува за четири години.

„Јас како претставник на ДУИ, во Владата на Република Северна Македонија, на задача Вицепремиер за спроведување на Рамковниот Договор и политички систем, не сум информиран, ниту консултиран за иницијативата, ниту за составувањето на овој закон, алудирајќи на надлежностите кои ги носи новата институција која ќе се основа, и поврзаноста која ќе ја има со Рамковниот Договор. На последната средба со лидерот на партијата, иако доцна, побаравме да се отвори дебата и да се дискутира за оваа иницијатива со сите партиски органи но и со засегнатите страни, обидувајќи се да ги зачуваме наследените вредности кои извираат од Рамковниот Договор. Очекуваме политичките актери да влијаат со цел да се објасни оваа ситуација, точно да се знае која е судбината на Рамковниот договор, со цел да се изгради еднакво општество за сите”, напиша Лика на Фејсбук.