Лига на шампиони во ракомет: Металург поразен од Спортинг во Лисабон
Спортинг Лисабон му нанесе седми пораз на Металург во Лигата на шампиони во оваа сезона. Португалскиот состав го совлада вицепрвакот на Македонија со 31:27 (полувреме 12:15) во натпревар од десеттото, последно, коло во групата Д.
Домашниот ракометар Пасарин беше најефикасен на натпреварот со седум гола. Најголема поддршка притоа имаше од Марцо и Портела кои постигнаа по шест.
Најпрецизен во екипата од Автокоманда беше Илиќ со шест гола.
Металурзи во Португалија го одиграа последниот меч во елитното натпреварување во сезоната 2017/18. Настапите ги завршија со две победи, реми и седум порази што ќе значи претпоследно место на табелата, но само под услов Бешикташ да слави во дуелот на домашен терен со Чеховски медведи (недела, 14 ч.).