Лига Европа: Познати се 16 шеснаесетфиналисти


Познати се 12 екипи што ќе играат во шеснаесетфинале во Лига Европа. По одигрување на мечевите од петтото коло, европска пролет обезбедија Вилјареал (група А), Динамо Киев и Партизан (група Б), Брага (група Ц), Милан (група Д), Аталанта и Олимпик Лион (група Е), ФСЦ Букурешт и Викторија Плзен (група Г), Арсенал (група Х), Салцбург (група И), Естерсундс (група Ј), Лацио и Ница (група К) и Зенит и Реал Сосиедад (група Л).

Место меѓу најдобрите 32 во натпреварувањето ќе има за уште осум екипи од Лига Европа кон кои ќе се придружат и третопласираните тимови од групната фаза во Лигата на шампиони.