Ливерпул ќе биде без Гомез шест недели


Дефанзивецот на Ливерпул, Џо Гомез, ќе биде надвор од игра во наредните шест недели откако доби фрактура на левата нога, објави клубот на официјалната страница.
Дваесет и едногодишниот Англичанец го напушти теренот за време на синоќешниот натпревар против Барнли (3:1) уште во 23 минута по остриот старт врз него од противнички играч.
По натпреварот, Јирген Клоп го изрази своето незадоволство од грубата игра на ривалот што доведе до повредата.
Гомез одигра 18 мечеви за Ливерпул во сите натпреварувања оваа сезона.