Ливерпул тргнува по голманот на Рома


Премиерлигашот Ливерпул сака да го донесе на „Енфилд“ бразилскиот голман и член на Рома, Алисон Бекер.

Бразилецот во моментов важи за еден од најдобрите светски голмани, а Ливерпул е во потрага по „стабилен“ чувар на мрежата.

По објавување на оваа информација во англиските медиуми, Германецот на голот на „црвените“ Лукас Кариус има причина за загриженост, дополнително по грижите кои ги имаше по „киксовите“ во саботното финале со Реал кога прими два гола по негова вина.

За Алисон се заинтересирани и други големи европски фудбалски имиња, но сигурно е дека и европскиот вицешампион има алтернатива доколку не успеа да го реализира овој трансфер.