Ливерпул може да привлече еден од најдобрите стрелци во Европа за смешна сума


Раководството на Ливерпул се подготвува да упати понуда за напаѓачот на Ред Бул Лајпциг, Тимо Вернер, ако голгетерот го отфрли последниот предлог на германскиот тим за продолжување на договорот, тврди англиското издание „Метро“, повикувајќи се на германски извори.

Дваесет и две-годишниот напаѓач е меѓу најголемите таленти во Германија, а веќе има 11 гола во сезоната, заземајќи го третото место кај голгетерите во Бундеслигата. Раководството на Лајпциг се надева да го задржи напаѓачот за подолго, но во моментов тој не сака да го обнови договорот, кој истекува во летото 2020-та.

Токму поради тоа „црвените“ можат да се здобијат со Вернер за сума, која е многу мала за денешниот трансфер пазар – 36 милиони фунти.

Вернер сака да го направи следниот чекор во својата кариера, откако не го задоволува четвртото место на тимот во шампионатот, и сака да премине на „Енфилд“, каде Ливерпул уживаат во едни од најуспешните денови во последните години.

– Манчестер Јунајтед и Ливерпул беа тимовите кои ги гледав релативно често во Англија. Тие се двата тима, за кои можам да кажам дека сум нивен обожавател, бидејќи тие имаат неверојатна приказна. Во Ливерпул на „Енфилд“ атмосферата е неверојатна, но ако морам да изберам, повеќе сум за Манчестер Јунајтед отколку за Ливерпул, изјави Вернер пред одреден период за „Фор-Фор-Ту“.