Ливерпул лани платил 26,8 милиони фунти за услуги на фудбалски агенти


Клубовите од Англиската Премиер лига минатата година платиле рекордни 211 милиони фунти за фудбалски трансфери. Износот е 37 милиони фунти повисок отколку во 2016 година, според извештајот објавен од англиската фудбалска асоцијација.
Ливерпул, пак, има дадено најмногу за трошоци на агенти – 26,8 милиони фунти за периодот од 1 февруари 2017 до 31 јануари 2018 година, кој ги вклучува последните два трансфер прозорци.
Челзи е втор со 25,1 милиони фунти, а шампионот Манчестер Сити е трет со 23,4 милиони.