Ливерпул демантира дека Жељко Бувач си заминал од клубот


Фудбалскиот клуб Ливерпул ги демантираше информациите дека Жељко Бувач си заминал од позицијата помошен тренер пред утрешниот реванш натпревар од полуфиналето во Лигата на шампионите против Рома.

Од клубот соопштија дека Бувач во моментот е отсутен поради лични причини, но тоа не влијае на неговата улога во стручниот штаб на тренерот Јирген Клоп.

Клоп и Булач соработката ја започнаа во Мајнц, потоа ја продолжија во Борусија Дортмунд и сега во Ливерпул.

Во неделата се појавија гласини дека меѓу нив двајцата односите се нарушени и дека Бувач поднел оставка, но Ливерпул го демантираше тоа.

Клоп во неколку наврати го има опишано својот прв помошник како „мојот мозок“ и објасни дека толку добро се разбираат што имаат телепатска врска.