Леди Гага: Бремена сум, ама со нов албум


САД- Откако ја прекина свршувачката со својот агент Кристијан Карино и на снимањето и претставувањето на филмот “A Star Is Born” започна да поминува многу време со момчето на Ирина Шајк, глумецот Бредли Купер, за Леди Гага започнаа да кружат гласини дека е бремена.

Поп-ѕвездата на својот Твитер профил се огласи по тоа прашање, со што ги изненади своите многубројни обожаватели.

“Гласини дека сум бремена? Да, бремена сум со LG6″, напиша 32 годишната пејачка алудирајќи на новата песна и албум кои под исто име ќе бидат издадени оваа година.

Иако станува збор за музика, имаше и обожаватели кои погрешно ја сфатиле па под објавата ѝ честитале на приновата.

Со хит-песната „Shallow”, од филмот “A Star Is Born” Гага и Бредли ги собраа сите награди, вклучувајќи го и Оскарот.