Левандовски не е на листата засилувања на Реал Мадрид


По многуте шпекулации за можен трансфер во Реал Мадрид, шпанска „Марка“ објави дека фудбалерот на Баерн Минхен, Роберт Левандовски не се наоѓа на листата потенцијални засилувања на „кралскиот клуб“.

Според реномираниот весник, Реал разгледува три кандидати за напаѓачката позиција: Хари Кејн од Тотенхем, Тимо Вернер од Лајпциг и Мауро Икарди од Интер.

Ниту Реал, ниту Баерн досега не ја демантираа веста за наводно постигнат договор меѓу двете страни, полскиот репрезентативец да се пресели на „Сантијаго Бернабеу“ во летниот трансфер период.

Двете екипи играат меѓусебно во полуфиналето од Лигата на шампионите. Реал има предност од 2:1 по првиот меч во Минхен.