„Ла ла ла!“ на Саша Ефтимова вечер пред публиката во МОБ


Во Македонската опера и балет вечер ќе биде изведена балетската претстава „Ла ла ла!“ на Саша Евтимова, чија премиера беше минатата година на фестивалот „Скопско лето“. Со неа авторката одбележа десет години кореографска дејност.

Подлога на балетот се евергрини на музика од Драган Ѓаконовски-Шпато, Тодор Бојаџиев, Димитар Масевски и Дуке Бојаџиев.

„Ова е претстава за едно убаво време и за едно Скопје за кое понекогаш можеби сите мечтаеме. Музиката предизвикува толку многу чувства во нас, спомени, копнежи, мечти, носталгија, работи поврзани со нашето минато. Само таа музика може да ги врати спомените, да ги склопи како сложувалка и напише една страница во книгата на нашиот живот“, рече Евтимова лани пред премиерата на балетот.

На репертоарот на МОБ и утревечер ќе има балетска претстава – „Шехерезада“ на Николај Римски Корсаков, во кореографија на Михаил Крапивин од Русија со првична постановка на Михаил Фокин. Ќе настапи балетскиот ансамбл и оркестарот на МОБ под диригентство на  Бисера Чадловска