Лајза Минели тајно ги распродава сликите на Ворхол


САД – Колекцијата од Ворхол пред две години – би заработила многу повеќе доколку ги продава сликите една по една.

Извор од Швајцарија објави еден од 22-те Ворхол слики на Минели – свилениот портрет од нејзината мајка Џуди Гарланд неодамна беше продаден од страна на галеријата „Пејс“ за 7 милиони долари на анонимен купувач.

Тоа беше еден од трите портрети на Џуди во колекцијата на Лиза, која исто така вклучува четири портрети од самата Минели и три од нејзиниот татко, холивудскиот режисер Винсенте Минели.

Пред две години беше објавено дека Лиза барала 40 милиони долари за целата колекција, обидувајќи се да ја продаде тивко, само со закажување средба.

„Лиза треба да биде среќна што никој не ја ја откупи колекцијата тогаш, бидејќи таа сега вреди повеќе“, ми рече еден дилер. Највисоката цена што некогаш беше платена за Ворхол е 105,4 милиони долари за „Сребрена автомобилска несреќа“ (Двојна Катастрофа).“

Многу од делата на Ворхол го украсуваа станот на Минели на Источна 69-та улица, продаден во 2015 година пред да се пресели во Беверли Хилс.

72-годишната  актерка последен пат имаше улога во „Запрен развој“ во 2013 година, а нејзиниот последен соло-концерт беше во 2015 година.

Но, Минели повторно се најде во медиумите. Таа се огласи на Фејсбук оваа недела за да ја побие приказната на „Рејдар онлајн“ наведувајќи дека се зближила со Рене Зелвегер, која ја игра мајката на Лиза во претстојниот филм „Џуди“.

Минели се налути, велејќи „не го одобрувам, ниту го санкционирам претстојниот филм за Џуди Гарланд на кој било начин“.