КХВ му одобри на „Нормак Инвестмент Гроуп“ од Тетово да издаде хартии од вредност


Комисијата за хартии од вредност му дозволи на „Нормак Инвестмент Гроуп“ од Тетово да издаде долгорочни хартии од вредност по пат на приватна понуда наменета за единствениот акционер „Нормак Инвестмент Гроуп“ од Норвешка.

Со оваа емисија на акции, компанијата ќе ја зголеми основната главнина со трансформирање на заем даден од „Нормак Инвестмент Гроуп“ АС од Норвешка како влог во друштвото. Имено, Нормак Инвестмент Гроуп од Норвешка како единствен и постојан акционер ќе се стекне со 43.494 обични акции во вкупна вредност од 133.733.177 денари.

– Зголемувањето на основната главнина е со цел да се создадат услови за непречено вршење на редовното работење на „Нормак Инвестмент Гроуп“ АД Тетово, велат од КХВ.

КВ на денешната седница обнови и две дозволи за работење на брокер.