КХВ даде одобрение: Владата ќе го докапитализира МЕР за еден милион евра


Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија денеска му даде одобрение на АД за вршење на енергетски дејности ,,Македонски енергетски ресурси“ Скопје да издаде долгорочни хартии од вредност по пат на приватна понуда. Станува збор за 10390 обични акции во вкупен износ од 1.039.000 евра.

Оваа петта емисија на обични акции се врши со влогови за зголемување на основната главнина на Друштвото заради создавање услови за непречено функционирање.

Емисијата на акции е наменета за познат купувач, односно за постојниот единствен акционер – Владата на Република Македонија како институционален инвеститор, соопшти Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија