КФОР ја одложи вежбата поради лошото време


Воената вежба на КФОР, која денеска требаше да почне и да трае до 11 јануари одложена е поради лошото време.

– КФОР планираше вежби на разни места во Косово, но се одложи поради временските прилики, изјави портпаролот на КФОР; Винченцо Грасо.

Претходно, неименуван извор за „Косова прес“ изјави дека „КФОР ќе има вежба и ќе воспостави трупи на цела територија на Косово, кои ќе се движат низ цело Косово. Војниците на КФОР се обучени да бидат подготвени за брзо распоредување ако е загрозена безбедноста и слободата на движење“.