Кутињо: Не е нормално Барселона да нема победа во четири меча по ред


Фудбалерот на Барселона, Филипе Кутињо не е загрижен од слабата серија на Каталонците во првенството, но признава дека е изненаден од слабите резултати.

 – Не, воопшто не сум загрижен. Важно е дека сме меѓу лидерите и почнавме добро во Лигата на шампионите. Не е нормално да немаме победа во четири натпревари од Ла Лига. Но, ова е само почеток на сезоната, и многу работи ќе се случат до крајот, изјави тој од таборот на бразилската репрезентација.
„Селесао“ игра две контролни средби овие денови против Саудиска Арабија (12 октомври) и Аргентина (16 октомври).