Курц в петок во официјална посета на Македонија


Австрискиот канцелар Себастијан Курц в петок доаѓа во официјална посета на Република Македонија, информираат од владината прес-служба.

Тој заедно со австриската делегација ќе биде свечено пречекан на платото пред Владата на Република Македонија, а подоцна ќе има и заедничка прес-конференција со премиерот Зоран Заев.