Куртоа: Со доаѓањето во Реал ми се исполни сонот


Голманот Тибо Куртоа на претставувањето во Реал Мадрид истакна дека со доаѓањето во „кралскиот“ клуб му се исполнил сонот.

Голманот ги заврши сите формалности околку трансферот од Челзи во Реал и шпанскиот клуб денеска и официјално го претстави.

– Доаѓањето во најдобриот клуб на светот е голема одговорност, но и гордост. Немате претстава колку сум среќен. Сакам да му се заблагодарам на Реал за сите напори кои ги вложи и на сите луѓе кои ми помогнаа да дојдам овде, истакна Куртоа.

Белгискиот репрезентативец потпиша шестгодишен договор, а Челзи од овој трансфер ќе заработи околу 40 милиони евра.