Куп на Македонија: Победа ја елиминираше Шкендија


Екипата на Победа попладнево ја совлада Шкендија со 2:0 во Купот на Македонија, и со тоа го елиминираа бранителот на титулата од понатамошната борба за трофејот. Јаник Макота даде по еден гол во двете полувремиња. Тимот од Прилеп славеше победа и на првиот натпревар во Тетово со 1:0.
Екипата на Работнички по вторпат загуби од Македонија ЃП и исто така е елиминирана во четвртфиналето на Купот. Македонија славеше со 1:0, а стрелец на единствениот гол беше Христијан Кировски. Првиот натпревар заврши со ист резултат.
Беласица, пак, со 2:0 победи против Силекс и го потврди пласманот во полуфиналето. Стрелци на головите за домашниот тим беа Милушев и Ѓорѓиев.
Последен патник во полуфиналето е Академија Пандев, кој убедливо победи против Кораб во Дебар со 6:1. Првиот меч исто така беше во корист за струмичани, кои победија со 3:1.
Резултати од четвртфиналето на Купот на Македонија:
Кораб – Академија Пандев 1:6
Победа – Шкендија 2:0
Работнички – Македонија ЃП 0:1
Беласица – Силекс 2:0 .