Куманово против Работнички, МЗТ и Блокотехна во полуфиналето на Купот


Куманово е последниот полуфиналист во Купот на Македонија, откако без многу проблеми го совлада Гостивар со 85:65 .

Од самиот почеток на мечот Куманово се наметна со своето темпо и постојано одржуваше водство, кое во вториот дел Гостивар го намали на минус шест поени, но надежта за пресврт траеше кратко.

Во третиот период кумановци имаа 21 поен разлика, недостижна за анулирање до крајот на натпреварот.

Куманово во полуфиналето ќе се соочи со Работнички, додека во втората полуфинална пресметка ќе се сретнат МЗТ Скопје и Блокотехна.