Кузмановска од ВМРО-ДПМНЕ ја одложи расправата за Буџетот, Власта ќе преседава со Комисијата


Претседателката на Комисијата за финансирање и буџет Лилјана Кузмановска денеска повторно ја одложи седницата на која треба да се продолжи расправата за Предлог – буџетот за 2018 година. Но, се очекува седница на Комисијата да има бидејќи пред заминувањето за САД претседателот на Собранието Талат Џафери го назначи пратеникот Васко Ковачевски да претседава со Комисијата доколку Кузмановка повторно ја одложи Комисијата, јави МИА.

Пратениците од владејачкото мнозинство во Собранието не беа изненадени од откажувањето на седницата на Комисијата, само рекоа дека се во очекување Ковачевски од СДСМ да ја закаже седницата и тој да претседава со неа за да може да се запазат роковите за носење на буџетот за 2018 година.

Кузмановска, која доаѓа од редовите на ВМРО-ДПМНЕ ја одложува седницата на Комисијата за Буџетот по акцијата за приведувања во врска со насилството во Собранието на 27 април, меѓу кои се и шестмина пратеници од нејзината пратеничка група.

Оттогаш опозоцијата не доаѓа ниту на седниците на собраниските тела, ниту на пленарните заседанија. Пратениците на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ не дојдоа ниту на денешното претпладневно заседание на Комисијата за одбрана. Официјално тие не најавиле бојкот на работата на Собранието