Крос за Роналдо: Не знам како ќе компензираме 50 гола по сезона


Полудефанзивецот на Реал Мадрид, Тони Крос изрази загриженост пред новата сезона во Шпанија дека на „кралскиот клуб“ ќе му биде многу тешко да ги компензираат головите на Кристијано Роналдо.

Како што е познато, португалската суперѕвезда го напушти „Сантијаго Бернабеу“ на почетокот на летото за да премине во италијанскиот гигант Јувентус за 100 милиони евра.

Роналдо освои огромен број трофеји во дресот на „белите“, постигнувајќи 450 гола во 438 натпревари за мадридскиот гигант. Капитенот на Португалија завршуваше како најдобар стрелец во последните шест сезони на Лигата на шампионите.

– Ќе биде тешко да се компензираат 50 гола по сезона. Роналдо беше многу важен играч за нас во последниве години и беше еден од диригентите за нашите успеси. Сепак, јас сум апсолутно убеден во нашиот тим, изјави германскиот репрезентативец.