„Кроација осигурување“ држи 5,3 отсто од неживотното осигурување


„Кроација осигурување“ во 2017 година бележи добивка и раст од 8,6 проценти, што е еден од трите најдобри резултати во осигурителниот пазар за минатата година. Компанијата го зголемила пазарното учество, па на крајот на годината имале 5,3 отсто од вкупната премија во сегментот на неживотно осигурување. Извршниот директор Гоце Вангеловски смета дека македонскиот пазар има потенцијал и најави нови осигурителни производи. Очекува дека со зголемување на интересот и на премијата кај повеќето типови на осигурување би можело да дојде до намалување на цените.

Во 2017 година адекватноста на капиталот на компанијата се искачил на 128 проценти, а обезбедена е и 115 проценти покриеност на техничките резерви. Дигиталната платформа за купување и обновување полиси на интернет веќе е достапна на moja.croatia.mk.

Осигурителниот пазар лани пораснал за 1,6 отсто. Премијата по глава на жител во Македонија е 60 евра, во Хрватска е 400 евра, а во Словенија е 2.000 евра.