Кристијан, внукот на Тоше, ја сними својата прва песна


Кристијан Ристески (20)  тргнува по стапките на својот легендарен вујко Тоше Проески и денеска и официјално ќе ја промовира својата прва песна. Песната насловена „Ние сме крв“ („We Are Blood“) ќе биде промовирана во 12 часот на „Радио Бубамара“.

Песната се снимаше во студиото на познатиот продуцент Енди Рајт во Лондон со кој Тоше соработуваше.

Кристијан песната ќе ја изведе на концертот во чест на Проески. кој ќе се одржи на 2 ноември во салата  „Борис Трајковски“. Дел од спотот Кристијан го објави на Фејсбук.

Кристијан кој свири гитара и тапани, студира на ЕЗРА, Универзитетот за аудиовизуелни уметности во Скопје, на осекот интерпретација на популарна музика.

-Вујче ме зарази со музика“, велеше уште како мал Кристијан, кој не се делеше од Тоше.

Каролина Гочева и сестрите Тамара Тодевска и Тијана Дапчевиќ се македонските изведувачи кои ќе настапат на концертот на 2 ноември .

Учеството на шоуто кое ќе започне во 20 часот го потврдиле регионалните ѕвезди Јелена Томашевиќ, Бојан Маровиќ, Сергеј Четковиќ, Борис Новковиќ, Владо Калембер, Ања Рупел и женскиот бенд „Фрајле“.На концертот ќе биде промовиран и албум со нови, до сега необјавени песни од Тоше Проески. Албумот е со наслов “Secret place” и на него се наоѓаат седум нови песни на англиски јазик како и три преработки на познати хитови.

-Материјалот се работеше во студиото на познатиот англиски продуцент Енди Рајт, автор на хитовите од претходниот англиски албум на Тоше „The Hardest Thing““ – додаваат од Фондацијата „Тоше Проески“.