Кризата со Рохинџите е поради сиромаштија


Кина предлага решение во три фази на кризата со Рохинџите во Мјанмар, кое би требало да почне со прекин на огнот во државата Ракхан, соопшти денеска кинеското Министерство за надворешни работи.

Пред средбата на азиските и европските министри за надворешни работи во Мјанмар, шефот на кинеската дипломатската Ванг Ји изјави дека е време за решение на кризата со Рохинџите е во билатерални консултации меѓу Мјанмар и Бангладеш.

– Првата етапа треба да вклучува прекин на огнот и воспоставување стабилност и ред за да можат луѓето да живеат во ред и мир и да престанат да бегаат. Таа цел во голем степен е постигната, изјави Ванг и додаде дека војната не треба повторно да се разгорува.

Во втората фаза Мјанмар и Бангладеш треба да склучат договор за репатријација.

– Во третата етапа треба да се утврди коренот на проблемот и да се најдат начини за негово решавање, додаде Ванг, истакнувајќи дека според Кина коренот на конфликтот е во сиромаштијата.

Тој ја повика меѓународната заедница да ја зајакне поддршката и инвестициите, со цел стравување со сиромаштијата во регионот.

Кинескиот министер за надворешни работи, кој го посети Бангладеш пред да допатува на азиско-европската средба во Мјранмар, изјави дека двете земји се согласиле да ги продолжат разговорите.

Пекинг исто така, предлага да се создаде економски коридор од Кина до Мјанмар, но не прецизира какви проекти се предвидуваат.