Кривична против жител на неготинско Дисан, во домот му пронашле 3.065 парчиња петарди


Надворешната канцеларија за криминалистички работи Неготино поднесе кривична пријава против 57 годишен жител од неготинското село Долни Дисан, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материјали“.

– На 24.12.2018 година полициски службеници извршиле  претрес во домот на пријавениот во село Долни Дисан, при што пронашле и одзеле 3.065 парчиња разновидни петарди и 14 парчиња пиротехнички средства за огномет, кои ги купил во Скопје од непознато лице, информираат од Министерството за внатрешни работи.