Кривична пријава за скопјанец кој крадел ланчиња од жени


СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.Ј. (37) од Скопје осомничен за две кривични дела „тешка кражба на дрзок начин“ извршени врз жени во март и мај годинава, со што противправно стекнал имотна корист од 65.000 денари.

Како што соопшти МВР, на 9 март околу 16.30 часот на бул. „ВМРО“ пријавениот и се доближил од зад грб на оштетената и со употреба на сила и го скинал златното ланче од вратот, по што побегнал. Одземеното златно ланче подоцна го продал во населба Шуто Оризари.

Кривичното дело го повторил и на 7-ми овој месец. Околу 11.45 часот на ул. „Кирил и Методиј‘‘ на ист начин одзел златно ланче од друга оштетена и побегнал.